За 30 секунди реклама во последната епизода на популарното шоу на Опра Винфри, која ќе се емитува на 25 мај, компаниите ќе мора да издвојат милион долари. Оваа сума би можела да биде и поголема, во зависност од редоследот на рекламите и сегментот на емисијата во кој ќе биде емитувана.

За споредба, за истата должина на реклама во последната епизода од серијата „24 часа“, спонзорите морале да платат 650 илјади долари, иако оваа серија имала поголема гледаност од шоуто на Опра. Најскапата реклама од 30 секунди, во износ од два милиони долари, била платена 2004 година во финалната епизода од серијата „Пријатели“.