Голманот на Металург, Дарко Арсиќ ги „резервираше“ првите две позиции во изборот за најдобрите пет одбрани од четвртата рунда во Лигата на Шампиони.
Арсиќ, беше херој на „металурзите“ во дуелот со Ла Риоха скротувајќи го последниот напад од гостите за минимална победа (24-23).
Меѓу петте одбрани место си обезбеди и чуварот на мрежата на Вардар, Страхиња Милиќ. Популарниот „џамбо“ не дозволи аткрација на ракометарите од Пик Сегед одбранувајќи му го обидот за цепелин.
Најдобрите одбрани од 4-та рунда можете да ги погледнете тука, а најдобрите голови можете да ги погледнете тука.
Идеалниот тим:
Лево крило: Јакуб Хртска (Татран Прешов)
Лев бек: Сајад Естеки (Динамо Букурешт)
Среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
Десен бек: Даинис Кристопанс (Мешков Брест)
Десно крило: Јохан Плог Хансен (Силкерборг)
Пикер: Никола Торнат (Нант)
Голман: Филип Ивиќ (Киелце).
OhridNews