Мексиканскиот магнат во секторот на телекомуникациите и вториот најбогат човек на светот предложил радикална промена во начинот на работа, според кој луѓето би работеле само три дена неделно. Слим на бизнис конференција во Парагвај рекол дека работејќи три ден наделно луѓето би имале повеќе време за опуштање и за поквалитетен живот. Четири дена слободни би значеле осмислување на нови активности за разонода и трошење на времето. Милијардерот и филантроп вели дека доколку работната седмица би траела пократко, подоцна би се одело во пензија, па наместо со 50 или 60 години, луѓето би се пензионирале дури на 70 или 75 години.
Слим е извршен директор на телекомуникациската компанија „Телмекс“, која неодамна вовела договор во работењето според кој работниците кои почнуваат да работа пред 20. година би оделе во пензија пред да наполнат 50 години, со опција да продолжат да работат и после тоа со полна плата и работна седмица од четири дена. Богатството на Карлос Слим, според списанието Форбс, се проценува на повеќе од 80 милијарди долари.