Кинескиот милијардер Ли Јинјуан, претседател на групацијата Тиенс, одлучил да почести повеќе од половина од своите вработени со четиридневен одмор во Париз и на југот на Францијам а овој излет го чинел 33 милиони евра. Јинјуан така морал да организира престој и превоз за 6400 свои вработени. Ги превезувал во 84 авиони, биле букирани 140 хотели во Париз, а на крајот им биле потребни 147 автобуси да ги превезат на југот од Франција.
На Азурниот брег Јинјуан повторно резервирал 4760 соби во хотели со пет ѕвезди во Кан и Монако. Неговите вработени со своите тела го испишале името на компанијата која се занимава со туризам, трговија и козметика, а неодамна прославила 20 години од работењето и успешна соработка со Франција. За време на престојот во Ница, екипата вработени го собориле Гинисовиот рекорд откако со своите тела го испишале името на компанијата.