Сопственикот на најпопуларниот кинески веб портал „Тенцент“, Ма Хуатенг, иако е еден од десетте најбогати луѓе во Кина, прима секој месец 450 долари државна субвенција за стан. Властите во градот Шенжен го прогласиле Ма, чие богатство се проценува на 4,4 милијарди долари, за најголем локален талент, со што тој автоматски се стекнал со право на користење државна субвенција за стан на период од пет години.


Медиумите навеле дека Ма е еден од 2900 корисници на оваа програма и дека две третини од корисниците се бизнисмени и високи раководители на фирми. Веста предизвикала големо разочарување во јавноста соочена со постојаниот раст на цените за станарина и се подлабокиот јаз помеѓу богатите и сиромавите.