Еден руски милијардер се нуди самиот себе, своите вили, злато и бунди на онаа која ќе му понуди се што тој нема. Идеалната жена за него мора да биде невина, згодна и млада, односно треба да има помеѓу 16 и 20 години. осамениот милијардер, кој има 39 години, преку интернет страница за запознавање дал оглас во кој ја бара жената на својот живот. Ќе се ожени со онаа која се чувала само за него, и нема да се задоволи со малолетнички кои се само 2добри во душата“, туку идната сопруга мора да има и добри атрибути.
Богаташот покрај другото својата ида сопруга ја опишал така што мора да биде нежна, внимателна, верна и да знае да ги цени семејните вредности. Што се ја чека на онаа која ќе ја избере, покажал на своите фотографии. Во домот кој личи на замок од минатото, принцот како да овенал чекајќи ја својата поубава половина. Уверен бил дека младата девојка на него ќе влијае како еликсир на младоста.