Македонскиот фудбалски првак Вардар експресно најде замена за тренерот Илчо Ѓорѓиоски кој седна на престолот на Фудбалската федерација на Македонија. Тренер на “црвено црните“ ќе биде неговиот помошник Благоја Милевски.
Милевски мината сезона работеше како прв помошник на Ѓорѓиоски додека во Македонија ЃП беше незаменлива алка во освојувањето на титулите. Костурот на екипата на Вардар останува ист и новопечениот тренер со проверени сили ќе ја стартува сезоната.
Новата сезона во првата македонска фудбалска лига започнува на 12 август.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com