Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, ги одреди 11-мината со кои ќе го започне дуелот со Романија.

Во почетниот состав на „црвено-жолтите“ нема промена од средбата со Исланд пред три дена.

На голот ќе биде Столе Димитриевски, стопери се Висар Муслиу и Дарко Велковски, на страничните линии во одбрната ќе бидат Езѓан Алиоски и Стефан Ристовски, во средниот ред ќе се најдат Тихомир Костадинов, Стефан Спировски, Енис Барди и Елиф Елмас, нешто понапред ќе биде Дарко Чурлинов и како „најистурен“ во нападот Милан Ристовски.

Натпреварот е во рамките на 6. коло од Ј-групата во квалификациите за Светското првенство 2022 година во Катар.

OhridNews