Гостинскиот состав со погодок во финишот им ја скратија радоста на „црвено црните“ да се радуваат на триумф во Охрид. Само пет минути ги делеа фудбалерите на Вардар од победа против Турново во дерби средбата.


Немам што да им замерам на моите фудбалери кои одиграа како што им реков. Ние сме самите виновни за ремито бидејќи не тргнавме решително да постигнеме втор погодок со кој ќе го решевме победникот. Во нападот останавме со само еден фудбалер и тоа Стојков, кој го носи целиот товар. Повредата на Адемовиќ и административните проблеми на Бујчевски ни се одразија на играта – потенцираше стратегот на Вардар, Милевски.

Проблемите во нападот на Вардар ќе продолжат бидејќи Адемовиќ ќе отсуства до крајот на годината, а тогаш на „комитите“ ќе им се приклучи и Бујчевски.

 

Мх.П.