Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги кажа своите очекувања за утрешниот дуел со Германија. Него му е јасно дека Германците се големи фаворити, но најави борба и по можност ново изненадување, како она во Дуисбург кога Македонците победија со 2:1.

Мора да бидеме на врвно ниво на тактички план. Го респектираме противникот кој е составен од врвни играчи, но за многу нешта ќе се прашува и Македонија. И ние имаме многу работи на кои треба да бидеме горди, вели Милевски.

Ние не би биле спортисти ако не се надеваме на успех и на позитивен резултат, без разлика на противникот. Веруваме во своите квалитети и потенцијал дека можеме да бидеме конкурентни и со најдобрите селекции во Европа. Начинот на кој игра Германија сега во споредба со средбата во Дуисбург е различен. Секоја репрезентација има некои слаби страни. Ќе се обидеме да ги искористиме. Како ќе одиграат они утре, тоа можеме да го претпоставиме, но не е гаранција дека ќе биде така. Ние треба да го дадеме максимумот и да уживаме, истакна Милевски на прес-конференција во пресрет на натпреварот.  По Германија ни следат уште два натпревари и нашата цел е останеме конкурентни до самиот крај на квалификациите, рече Милевски на денешната прес-конференција.

Репрезентативецот Стефан Ристовски вели дека денеска сите играат фудбал, без оглед на големината на противникот. Победа си е победа, без разлика против кого е и секоја една носи три бода. Нормално дека секој селектор си има свои идеји, новости. И Милевски како селектор има свои идеји, а ние сме тука како професионалци да го исполниме тоа на терен.

Имате различни мечеви против послаби, посилни противници, а ние сме должни да исполниме се. Германија е врвот на светскиот фудбал и треба да се одговори со тактичка и физичка дисциплина. За мене е секој натпревар е искуство. Против било кој противник. Европското за сите значеше многу за сите. Гигант како Германија не простуваат грешки, ти даваат многу малку и тоа треба мора да се искористи. Германија, за мене е најголемата репрезентација на светот“.

Натпреварот ќе се одигра утревечер со почеток во 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“.

 

OhridNews