Македонската селекција до 21 година во Охрид напорно се подготвува за премиерниот натпревар во квалификациите за Европското првенство.


Прв ривал на надежите е репрезентацијата Исланд, која за континенталниот собир во во Чешка годинава беше елиминирана од Данска во баражот.

– Ние сме во фаза на создавање на нова репрезентација и секој почеток е многу тежок, но и значаен. Репрезентативците на пријателските натпревари со Словенија, Белорусија и Романија покажаа одреден квалитет и потенцијал. Сега сите ние треба тоа да го пренесеме во квалификациските мечеви кои ни следуваат. – рече селекторот Благоја Милевски.


Откажувањата на стандардните првотимци Денковски, Аврамоски, Илиев и Барди поради повреди ја разнишаа младата селекција, која на 11 јуни почнува нов квалификациски циклус.

– Стручниот штаб секогаш се соочува со непријатности кога има неколку откажување во составот без разлика за кој играч се работи. Играчите што ќе ги немаме на располагање беа носители на играта на претходните контролни натпревари, но што е тука е и мораме да се соочиме ново настанатата ситуација. Имаме квалитетни играч и верувам дека адектвано ќе ги заменат отсутните. – додаде селекторот.

Надежите во Охрид ќе останад до понеделник, а квалификацискиот дуел со Исланд го играат в четврток на гостински терен.

Ohridnews