Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски денеска го објави списокот со играчи за септемвриските евроквалификациски дуели против Италија и Малта на кој се најдоа двајца дебитанти.
Прв повик во националниот тим добија фудбалерот на дански Хвидовре, Ахмет Иљазовски и напаѓачот на хрватски Вараждин, Димитар Митровски.
Македонските фудбалери во рамки на групата Ц во квалификациите за ЕУРО2024 на 9 септември во Скопје ќе го пречекаат актуелниот европски првак Италија, а на 12 септември гостуваат во Малта.
За двата дуели селекторот Милевски повика вкупно 28 фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Столе Димитриевски – Рајо Ваљекано, Шпанија
Дамјан Шишковски – Докса, Кипар
Игор Алексовски – Работнички
ОДБРАНА:
Висар Муслиу – Падерборн, Германија
Ѓоко Зајков – Универзитатеа Крајова, Романија
Никола Серафимов – Фехервар, Унгарија
Јован Манев – Адана Демирспор, Турција
Езѓан Алиоски – Ал-Ахли, Саудиска Арабија
Бојан Димоски – Акрон Тољати, Русија
Ахмет Иљазовски – Хвидовре, Данска
Стефан Ашковски – Ламија, Грција
Дарко Велковски – Ал Етифак, Саудиска Арабија
СРЕДЕН РЕД:
Енис Барди – Трабзонспор, Турција
Јани Атанасов – Краковија, Полска
Агон Елези – Вараждин, Хрватска
Аријан Адеми – Пекинг Гуан, Кина
Елиф Елмас – Наполи, Италија
Давид Бабунски – Мезоковешд, Унгарија
Давор Здравсковски – Мадервил, Шкотска
Љупче Дориев – Согдиана, Узбекистан
НАПАД:
Илија Несторовски – Асколи, Италија
Милан Ристовски – Спартак Трнава, Словачка
Бојан Миовски – Абердин, Шкотска
Александар Трајковски
Дориан Бабунски – Грасхоперс, Швајцарија
Димитар Митровски – Вараждин, Хрватска
Марјан Радески – Струга Трим Љум
Ваљон Етеми – Истанбулспор, Турција
Дарко Чурлинов – Барнли, Англија.
OhridNews
фото. ФФМ