Михаил Милевски е нов играч на ГФК Охрид Лихнидс. 21-годишниот Милевски покрива повеќе позиции во делот од средината и одбраната, информираат од клубот.
Михаил има настапувано за Пелистер, Кит Го Пехчево и Младост КП.
Клубот утре во рамки на 17 коло од Втората македонска фудбалска лига игра Езерско дерби сo екипата на Караорман од Струга.
Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Струга со почеток во 14 часот.
OhridNews