Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес го соопшти списокот на повикани фудбалери од домашниот шампионат дополнет со тројца интернационалци, за контролниот натпревар против Саудиска Арабија на 22. октомври во Абу Даби.
На списокот на Милевски се наоѓаат следните фудбалери:
Голмани: Кристијан Наумовски, Костадин Захов, Игор Алексовски.
Одбрана: Дарко Велковски, Егзон Бејтулаи, Марио Младеновски, Кристијан Тошевски, Бојан Илиевски, Зија Мерџани, Владица Брдаровски.
Среден ред: Иван Николов, Адем Али, Ферхан Хасани, Бунјамин Шабани, Бојан Димоски.
Напад: Бесарт Ибрами, Влатко Стојановски, Љупче Дориев, Кристијан Трапановски, Методија Максимов, Мартин Стојанов.
Ова ќе биде одлична можност за повиканите фудбалери на терен да се соочат со квалитетен противник, а ние како стручен штаб, реално да го видиме потенцијалот и квалитетот на фудбалерите кои сметаме дека се во најдобра форма во моментот во нашата лига, изјави Милевски з авеб-страницата на Фудбалската федерација на Македонија.
Подготовките за конторлниот натпревар против Саудиска Арабија ќе започнат на 17 октомври. На тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се одработат два тренинзи пред заминувањето за Абу Даби на 18 октомври.
OhridNews