Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани играчи за двата квалификациски натпревари за Еуро 2024 против Украина (16 јуни Скопје) и Англија (19 јуни, Манчестер).
Во составот на македонската репрезентација дебитант е фудбалерот на дански Сондерјиске, Сефер Емини. На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 29 фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Дени Илиев и Игор Алексовски.
Одбрана: Висар Муслиу, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Стефан Ристовски, Езѓан Алиоски, Егзон Бејтулаи, Никола Серафимов, Владица Брдаревски, Бојан Димоски и Јован Манев.
Среден ред: Енис Барди, Елиф Елмас, Аријан Адеми, Јани Атанасов, Агон Елези, Давид Бабунски, Давор Здравковски и Сефер Емини.
Напад: Александар Трајковски, Милан Ристовски, Дориан Бабунски, Ваљон Етеми, Илија Несторовски, Љупче Дориев и Стефан Ашковски.
Официјалниот собир е закажан за 10 јуни во хотел „Хилтон“ во Скопје.
OhridNews