Актуелниот македонски фудбалски првак со двата погодоци во вториот дел успеа да го скрши бедемот пред голот на Еуромилк и да забележи нова победа седма сезонава.
– Тешко е да се игра против екипа која главна цел му е да го сочува својот гол. Во такви околности решава мал пад на концетрацијата како што го имаа тие на стартот од вториот дел. Им честитам на моите фудбалери кои беа стрпливи во текот на целиот меч и одиграа онака како што побарав пред стартот на мечот во Охрид – потенцираше стратегот на Вардар, Боби Милески.
Со трите бода „црвено црните“ стигнаа до 24-от сезонава и сега имаат плус три пред второпласираниот Хоризонт Турново.
Мх.П.