Вардар во четвртиот натпревар во Охрид ја забележа третата победа со која се врати на првата позиција во Првата лига. „Црвено црните“ на „Атина Бојаџи“ поуспешни беа од фудбалерите на Гостивар со 2-1.
– Сакам да им честитам на моите фудбалери за максималното ангажирање во текот на целиот натпревар и да му посакам побрзо заздравување на фудбалерот на Гостивар, кој се здоби со потешка повреда. Ние одиме чекор по чекор, меч по меч кон зацртаната цел, а тоа е одбрана на титулата во домашниот шампионат – истакна Благоја Милески.
До крајот на есенскиот дел од шампионатот остануваат уште два натпревари, а избраниците на Милески се на добар пат да презимат на врвот.
Мх.П.