– Естонскиот, а посебно грчкиот противник доста добро ги познавам додека за финскиот клуб немаме никакви информации. Задоволни сме од ждрепката и мислам дека имаме сила да обезбедиме добар резултат – рече Катерина Милеска.
Една од носителките на играта во охридскиот клуб има одлично искуство во Лигата на Шампиони што ќе биде од голема помош за сите во тимот.
Прилепчанката две сезони во ЛШ ги бранеше боите на Шкипонат додека една сезона беше дел од Наше Такси. Настапот за охридскиот фудбалски клуб во Лигата на Шампиони ќе биде четврти за нејзе во најеминетното натпреварување на стариот континент.