Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Томас Милер, смета дека клубот има шанса да се врати против Манчестер сити во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Првиот натпревар заврши со победа на „граѓаните“ од 3:0.
Веруваме дека се уште имаме шанси. Треба да почнеме добро, да поведеме до паузата. Не мора да водиме со 3-0 по 10 минути, но мора да постигнеме гол и да продолжиме. Ако постигнеме втор до 80-тата, ќе имаме уште петнаесетина минути. Верувам дека тоа е можно, изјави Милер за германските медиуми.
Реваншот ќе се игра вечер во Минхен со почеток во 21 часот.
OhridNews