Големиот спортист и хуманист, прилепчанецот Миле Стојкоски во инвалидска количка од Крушево тргна на пат до Кина на отворањето на Летните олимписки игри наредната година во Пекинг.

Стојкоски до Кина ќе мине  15 илјади километри низ триесеттина држави каде ќе посети голем број значајни институции и ќе се сретне со значајни личности.

Целта на мисијата е афирмација на Македонија и на луѓето со посебни потреби. Мисијата ќе има и мировна димензија, бидејќи заедно  со 15-члената екипа ќе минува низ кризните региони во Ирак и Авганистан.

Стојкоски очекува по завршувањето на неговата мисија во Пекинг да привлече странски донатори кои ќе изградат објекти и болници за луѓето со посебни потреби во Македонија.

ohridnews