Со овластување дадено од градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески за Раководител на Одделението за инспекциски надзор – Инспекторат, е
назначен Миле Скрчески.

Скречски е вработен во Одделението за просторно планирање, урбанистичко
планирање, управување со градежно земјиште и недвижен имот на општината, информира локалната самоуправа.

Општинскиот инспекторат неколку години беше без раководител, откако претходниот замина во пензија.

Г. М.