Милчо Јованоски е магистер по медиуми и комуникации истовремено и со завршен факултет, филолог по македонски јазик и книжевност, а воедно и директор на НУ Библиотека Григор Прличев.
Библиотеката има своја душа, најголемото срце е всушност издавањето книги. А, од оваа година вели Јованоски, Библиотеката започна да работи како библиотека од отворен тип да можат луѓето да дојдат да разгледаат и сами да си одберат од богатството кое брои некаде над 150 илјади книги во библиотеката.
Библиотеката оваа година слави 70 години откако го носи името на патронот „Григор Прличев“.
Охридската библиотека доби и нови простории, нови колекции на книги и полека институцијата го добива сјајот кој треба да го има една библиотека.
Во 12 часот на пладне на 5-ти мај, во охридската Библиотека во т.н. Прличева одаја ќе се одржи настан во чест на денот посветен на македонскиот јазик и азбуката, 5-ти мај каде ќе бидат присутни професори по македонски јазик, македонисти и други гости. Ќе учествуваат членови на културолошката иницијатива 5 до 12 кои ќе читаат сопствена, но и поезија од македонски автори, потоа настап на пејачката група и оркестарот при КУД „ Ѓердан од бисери“ од Охрид.
Истовремено ќе се емитува еден аудио запис со Људмил Спасов. Една од главните заложби на Библиотеката ќе биде почесто во текот на годината да организираат саеми на книги, да можат охриѓани да купат книга по пониска цена, а со тоа забележуваат дека полека ги враќаат читателите во библиотеката и на самите саеми има голем интерес.
Обични херои Е18 Милчо Јованоски
OhridNews