Македонската машка ракометна репрезентација во името на Милчо Чакарески ќе добие нов директор. Тој официјално ќе биде назначен на седницата на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија.
Стружанецот кој во минатото настапуваше за матичниот клуб Струга, Вардар и Тиквеш на позицијата директор во репрезентацијата ќе го замени Никола Панчевски.
РФМ ги направи првите промени по завршувањето на Европското првенство во Полска на кое Македонија го освои 11-то место.
На УО на РФМ ќе се избере В.Д. селектор за младинската селекција, ќе се изготви програма за подготовки за престојните квалификации за Олимписките игри и ќе се даде отчет за пласманот на ЕП во Полска.
OhridNews