Милчин тврди дека бил следен од службите во поранешна Југославија, а не дека соработувал со нив. Тој рече дека во 2000 година, од тогашната министерка за внатрешни Доста Димовска добил известување дека постои досие за него на 217 страници. Од шалтерот на институциите Милчин го подигнал оваа досие, кое според него, било досие на жртва и побарал до 2047 година, кога тој би имал 100 години, ова досие да остане тајна.
Милчин исто така ја побарал и листата на лицата кои што го следеле, но меѓу нив недостасувало едно лице, за кое што бил сигурен дека го има следено.
Според него службите почнале да го следат во 1977, поради неговите анархолибералистички позиции, односно критичката настроеност кон власта. Тој вели дека бил следен со посебни мерки, биле прислушувани неговите разговори со неговите покојни родители, а била отворана и неговата пошта.
Најавувајќи дека целата содржина на досието ќе ја стави на интернет, Милчин истакна дека комисијата за лустрација ја крши процедурата, со тоа што предвреме му лепи етикета и со тоа што процесот на лустрација го води претседател чиј мандат е истечен.
извор: Makfaks