Италијанското Министерство за образование наложило итна истрага во случајот со 22-годишната учителка која пред некој ден, во желба да го „доведе во ред“, на немирното момче му отсекла парче од јазикот.

Преплашеното седумгодишно дете итно било пренесено в болница каде „добило“ 5 шавови, а учителката била привремено суспендирана од настава. Строгата наставничка тврди дека јазикот го пресекла случајно и дека се работело за игра, но ученикот посведочил дека учителката му рекла: „Премногу зборуваш, пушти го јазикот да ти го исечам!“ Адвокатот на семејството кое има северноафричко потекло вели дека детето е сеуште во шок, дека бега од остри предмети и не сака да се врати на школо.

Од друга страна, школата ја брани учителката и тврди дека е вреден работник, а целиот случај е пренапумпан.

V.List

С.К.