Охриѓанецот Марјан Ецкоски е делегиран за главен судија на натпреварот од 20 коло од Првата МФЛ меѓу Милано и Победа. Негови помошници ќе бидат Драган Неделкоски и Жарко Тодороски. 4 – ти судија е Маркоски Марјан.


На останатите натпревари играат : Ренова – Силекс, Хоризонт – Тетекс, Работнички – Вардар, Пелистер и Металруг се слободни.

Стевчо Шулески ќе го води второлигашкото дерби во Кичево, Напредок – Дрита, ќе му помагаат стружаните Негриески Кирил – Струга и Грданоски Симон – Струга.4 – ти  судија е Мацески Ацо.

На остантите натпревари играат: Локомотива – 11 Октомври, Влазними-Новаци, Скопје – Беласица, Брегалница –    Охрид, Цементарница – Влазерими, Шкендија – Миравци.

М.П.