На најсиромашните во Милано за Божиќ ќе им бидат поделени 40 килограми првокласен кавијар, кој  бил запленет во обид за криумчарење.

Најскапиот, Белуга кавијар, вреден 400.000 евра, бил одземен после откривањето на двајца криумчари, кои се обиделе да го шверцуваат од Варшава.


Обвинителството задржало мала количина кавијар, а остатокот ќе биде поделен на добротворни организации кои ја примија најавата на оваа акција со измешани чувства.

„Секој подарок се прифаќа. Меѓутоа, треба да се нагласи дека на сиромашните повеќе им се потребни правда и достоинство отколку луксузни производи“ – рекле од една хуманитарна организација.