Фудбалерите на Милан ќе добијат нов предводник, откако клупската управа го раскина договорот и се раздели од досегашниот тренер Марко Џампаоло.
„Росонерите“ со Џампаоло на клупата немаа позитивен старт и претрпеа четири порази во првите седум рунди. На Џампаоло не го спаси ниту триумфот во Џенова против истоимената екипа (2-1) во последниот меч пред репрезентативната пауза.
- Му се заблагодаруваме на Џампаоло за професионалниот однос и работењето во нашиот клуб. Му посакуваме многу среќа понатаму. – стоеше во краткото соопштениер од клубот од Милано.
Во тесниот круг на потенцијални наследници се наоѓаат Лучијано Спалети и Стефано Пиоли. Џампаоло кормилото на Милан го презеде пред почетокот на оваа сезона од Џенаро Гатузо.
OhridNews