Најтрофејниот италијански клуб во Европа, Милан го назначи Марко Џампаоло за нов тренер и наследник на Џенаро Гатузо, кој замина после завршување на минатата сезона.
Џампаоло со „росонерите“ пушти рака за соработка три сезони. 51-годишниот стратег претходните три сезони ја водеше Сампдорија, која застана на здрави нозе и се бореше до крајот за излез во Европа.
Доведувањето на Џампаоло на Сан Сиро е прв потег на двоецот Паоло Малдини и Ѕвонимир Бобан кој се врати во Милан во улога спортски директори.
Џампаоло ќе има одреден буџет да ја засили екипата а подготовките за новата сезона ќе започнат во првата недела од јули месец.
OhridNews