Управата на Милан не стои со скрстени раце и започна со подготовки на екипата за следната сезона. „Црвено црните“ од Сан Сиро, посакуваат првото засилување да биде дел од одбранбената линија која е најважен темел во градењето на тимот.
Таквиот фудбалер Милан го пронајде во Јувентус. Се работи за Даниеле Ругани. 25-годишниот фудбалер не се наметна во Јувентус и не успеа да се избори за првотимски статус. Ругани не е ниту во потесниот избор за играње бидејќи пред него шанса добиваат Бонучи, Де Лихт, Киелини и Демирал.
„Росонерите“ трансферот на Ругани ќе ги чини максимум 25 милиони евра. Ако италијанскиот репрезентативец се вклопи во екипата, Милан за релативно ниска цена ќе го реши прашањето околу соиграчот на Ромањоли на стоперската позиција. Но „миланезите“ не се сами во оваа трка. Интерес покажуваат Наполи и Рома, но најголеми шанси му се дава на Милан бидејќи на Сан Сиро, Ругани ќе има загарантирана минутажата и првотимскиот статус.
Ругани потетекнува од школата на Емполи, а од 2013 година е дел од Јувентус. Ругани беше прв фудбалер кој беше тестиран позитивно на коронавирусот. Тој после месец дена се излекува и ужива во животот со бремената девојка Микела Персико.
OhridNews