Милан и Ливерпул ќе играат во финалето на Лигата на шампионите на 23 март во Атина, што ќе биде втора голема пресметка на трофејните клубови за само две години. Овие два тима во 2005 година на “Ататурк“ стадионот во Истанбул одиграа незаборавен меч во кој Ливерпул надополни негатива од три гола на полувремето и по изведувањето на пенали го освои големиот пехар.


феноменалниот Кака

За шанса за одмазда, Милан, се избори на убедлив начин, совладувајќи го во реваншот од полуфиналето Манчестер со чисти 3:0 (Кака -11, Сидорф -30, Џилардино -78м.). Во првиот натпревар Манчестер славеше со 3:2, но тимот на Фергусон на Сан Сиро комплетно беше надигран и заслужено елиминиран.

Г. Момироски