Последната рунда од сезоната во Серија А после голема драма, пресврти и погодоци даде конечна разврска околу патниците во Лигата на Шампиони и екипите кои ќе се збогуваат со елитната италијанска лига.
Следната сезона во ЛШ ќе се натпреваруваат Јувентус, Наполи, Аталанта и Интер, а во трка извиси Милан кој финишираше на петтата позиција и ќе се бори за титулата во Лигата на Европа.
Интер со судни маки го совлада Емполи (2-1), кој пак отпадна од „калчото“, а Аталанта не погреши на домашен терен против Сасуоло славејќи со 3-1. Милан си ја заврши својата работа победувајќи го Спал со 3-2, но немаше помош од останатите екипи.
Во Лигата на Европа покрај Рома патува и Лацио кој триумфираше во Купот на Италија. Емполи Фросиноне и Киево се селат во Серија Б.
Резултати: Торино – Лацио 3-1, Сампдорија – Јувентус 2-0, Фиорентина – Џенова 0-0, Рома – Парма 2-1, Аталанта – Сасуоло 3-1, Каљари – Удинезе 1-2, Интер – Емполи 2-1, СПАЛ – Милан 2-3.
OhridNews