Екипите на Милан и Јувентус забележаа лестни и рутински победи на стартот од Серија А. „Росонерите“ со 4-1 славеа кај составот на Лече додека лидерот на табелата во „калчо“ лигата Јувентус со 2-0 ја совлада Болоња. За Милан прецизни беа Кастиљехо, Бонавентура, Ребиќ и Леао, а за Лече почесниот погодок го постигна Манкосу. „Старата дама“ на крилата од тандемот Роналдо-Дибала стигна до целиот плен. Роналдо погоди за 1-0, а Дибала за зголемување на водството и потврдување на победата.

OhridNews