Градските ривали Милан и Интер подготвени се да соработуваат околу изградба на нов стадион, откако се откажаа од идејата да го реновираат Сан Сиро.

„Росонерите“ и „нероазурите“ пуштиле рака за соработка. Новиот стадион ќе чини 600 милиони евра, а  ќе се изгради стотина метри од стадионот на кој моментално настапуваат.

  • Милан и Интер работат заедно. Пред нас е има уште многу работа, но овие чекори ги преземаме во вистинско време. Наскоро ќе го известиме градот за нашиот заеднички интерес. Градот заслужува модерен стадион. – рекол за италијанските медиуми Алесандро Антонело.

Изградбата на нов стадион ќе значи иселување на двете екипи од Сан Сиро. На стадионот од 1926 година Милан и Интер имаат одиграно над 150 меѓусебни пресметки и уште неколку легендарни дуели со други противници.

OhridNews