Италијанските фудбалски гиганти Милан и Интер ги објавија двата финални проекти за изградба на новиот стадион. Еден од двата проекти ќе биде одбран и ќе се изгради на местото од легендарниот стадион „Сан Сиро“.

Во двата проекти стадионот е со капацитет од 60 000 гледачи и во вредност од 1.2 милијарда евра кои ќе ги обезбедат двата клубови од Милано.

„Росонерите“ и „нероазурите“ стадионот го делат цели 72 години. Прв на стадионот во Милано играл Милан а подоцна се приклучил Интер.

Од топ 5 лигите само во Италија екипите уште ги делат стадионите, додека во другите земји секој клуб си игра на сопствен или друг стадион. Во „калчото“ стадионите ги делат Лацио и Рома односно Сампдорија и Џенова.

OhridNews