Италијанскиот фудбалски прволигаш, Милан, денес го промовира трансферот на напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру. Висината на трансферот и времетраењето на договорот со 34-годишниот Французин не се соопштени.
Фудбалерот ќе игра за „росонерите“ под бројот 9.
Жиру играше за Челзи од јануари 2018 година. Во сезоната 2020/21, напаѓачот одигра 31 натпревар за „сините“ од Лондон и постигна 11 голови.
На 15 јули беше објавено дека Жиру ќе се пресели од Челзи во Милан за 1 милион евра и ќе потпише договор до крајот на сезоната 2022/23. Дополнителни 1 милион евра ќе плати италијанскиот клуб на Челзи во случај на успешни настапи на фудбалерот.
- Арсенал го одврза ќесето за дефанзивецот Бен Вајт
Англискиот репрезентативец Бен Вајт е нов фудбалер на Арсенал, пренесуваат медиумите од островот.
Челниците на Арсенал со Брајтон најдоа заеднички јазик за трансферот на Вајт, кој вкупно ќе изнесува 50 милиони евра.
Интерес за Вајт покажал и Челси, но „топчиите“ покажале одлучност и експрено реагирале на барањата од Брајтон.
OhridNews