Интер претрпе болен пораз во финалето на Супер купот на Италија што се одигра синоќа во Ријад, Саудиска Арабија. Лаутаро и Тареми се запишаа во листата на стрелците за Нероаѕурите, но Росонерите се вратија од 0:2 и во драматична заврница триумфираа со 3:2.
Тренерот на Интер Инзагипне го криеше разочарувањето од исходот на мечот, упатувајќи честитки до градскиот ривал за заслужената победа.
Треба подобро да го контролираме натпреварот. Имавме неколку шанси да направиме 3-1, но Мањан во неколку наврати се снајде добро, потоа го примивме израмнувачкиот гол за на крај да го загубиме натпреварот. Заслугите одат кај Милан, кој не се откажа и остана во игра. Тоа е болен пораз, боли, но мораме да одиме напред. Ни претстојат многу натпревари брзо последователно, па треба веднаш да се вратиме во колосек најдобро што можеме. Разочарани сме, но дадовме апсолутно сè. Направивме премногу грешки на техничко ниво, а потоа измените направија разлика: Милан уфрли играчи со темпо, а ние требаше подобро да ја водиме играта и да јассмириме. Ќе учиме од вечерва затоа што боли да се загуби вакво финале по водство од 2:0. Во моментов, ние се бориме во одбраната и немаме опции: оние кои играат даваат сè, но ние треба да ги вратиме играчите во форма. Калха е многу важен играч за нас, но во овие времиња, кога играте на секои три дена, ви требаат сите. Го чекаме враќањето на нашите одбранбени играчи, кои ќе можат да ни помогнат, анализираше Инзаги.
Г.М.
Фото: Интер.ит.