По заминувањето на неколку фудбалери од екипата на Милан, од клубот објавија дека Рикардо Монтоливо од тимот на Фиорентина е првото засилување за новата сезона.


27-годишниот фудбалер треба да биде замена за Ван Бомел кој заедно со Неста, Гатусо, Инзаги, Сидорф и Замброта го напуштија Милан на крајот од сезонава. Во тек се преговорите на Милан со Ливерпул, за “везистот“ Аквилани.

Мх.П.