Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ е пред враќање на Сан Сиро, откако Милан драстично ги променил условите во текот на преговорите.
„Росонерите“, променале многу, но промениле работи што му сметале на Швеѓанецот. Во првата понуда стоело дека се ќе зависи од пласманот на екипата, а не од игрите на Ибрахимовиќ. „Миланезите“, експресно реагираа на советите од Ибрахимовиќ и ги промениле стапките во договорот.
Швеѓанецот повеќе од успешно го носеше дресот на Милан. Во две сезони колку што настапуваше Ибракадабра во Милан, тимот освои титула во Серија А и Супер куп на Италија.
OhridNews