Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека клубот ќе му понуди нов договор на напаѓачот Рафаел Леао.
Клубот наскоро ќе му понуди нов договор на Леао. Менаџментот ќе се погрижи за тоа. Рафаел не создава никакви проблеми и работи напорно како вистински професионалец, го цитира Пиоли, „Газета дело спорт“.
Претходно беше објавено дека 23-годишниот Португалец ја одбил првата понуда на „Росонерите“ за продолжување на договорот. Миланезите понудија договор до 2026 година со значително зголемување на платата, но играчот и неговите застапници ја одбија понудата.
Леао минатата сезона забележа 42 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 гола и 12 асистенции.
Во Серија А оваа сезона напаѓачот на пет натпревари постигна три гола и две асистенции. Неговиот актуелен договор е до 2024 година.
OhridNews