Лидерот на табелата во Серија А, Милан, го положи оружјето на „Алберто Пико“ стадионот, претрпувајќи пораз од разиграната Специја 2-0, полувреме (0-0).

„Росонерите“ во незгодно време го одиграа најслабиот натпревар сезонава во „калчо“ лигата. Златан Ибрахимовиќ и дружината не успеаја ниту еднаш да се заканат кон голот на домаќините, кои разиграноста во својот состав ја капитализираа со два погодоци во второто полувреме. Специја резултатот го отвори во 56-та минута, а вториот погодок кој го отпиша гостинот го постигна во 67-та минута.

Поразот на Милан против Специја е шанса за Интер, кој утре со евентуален триумф во дербито со Лацио ќе се искачи на врвот од табелата.

  • Резултати:

Торино – Џенова 0-0

Специја – Милан 2-0

Наполи – Јувентус 1-0

OhridNews