Холивудската актерка Мила Кунис би можела да ја добие главната улога во филмската адаптација на планетарно популарниот роман „50 нијанси-сива“. Актерката наводно водела во трката за улогата на наивната студентка Анастазија Стил во екранизацијата на еротскиот филм на Е. Л. Џејмс, пренеле медиумите. Покрај неа како кандидати за улогата се споменуваат уште и Ема Вотсон и Кристен Стјуарт, додека актерите Рајан Гослинг и Иан Сомерхалдер се поврзувани со улогата на успешниот бизнисмен Кристијан Греј.
Кели Маршал, позната по работата на серијата „Теранова“ ќе го напише сценарото за „50 нијанси-сива“, додека Мајкл де Лука и Дана Брунети ќе бидат продуценти. Романот се занимава со 27-годишниот милијардер со чудни сексуални склоности Кристијан Греј и студентката Анастазија Стил. Студиото Универзал ги откупило правата на книгата која била преведена на 45 јазици и продадена во 32 милиони примероци.