Мила Кунис очигледно се припрема за брак со Ештон Качер бидејќи изјавила дека кога ќе основа семејство, ќе ја напушти кариерата во Холивуд. Мила смета дека е тешко да се има успшена кариера и да се биде посветен на семејството, па поради тоа побрзо би го жртвувала снимањето на филмови за уживање покрај децата.
Рекла дека сака да биде мајка која ќе биде присутна, а сега никогаш не била на исто место повеќе од два месеци. Таа додала дека кога ќе има деца ќе ја остави кариерата. Таа од неодамна живее со своето момче Ештон Качер, и сега на големо се зборува дека планираат брак.