Парот за кој моментално најмногу се зборува во Холивуд, секако се Мила Кунис и Ештон Качер. Парот го чека своето прво дете, а наводно станува збор за девојче. Иако се обидуваат да ја сокријат бременоста, актерката повеќе не може да го крие својот растечки стомак.
Неодамна се појавила на доделувањето на „MTV Movie“ наградите каде ја добила наградата за најдобар негативец за улогата во филмот ‘Oz The Great And Powerful’. Таа и Ештон наскоро планираат и венчавка, и не се осврнуваат на коментарите кои ги следат во чекор. Заедно ги минале празниците со семејствата и уживаат во секој момент.