Мила Кунис добила неколку килограми вишок, а за тоа би можело да биде виновно и нејзиното хоби, готвење украински специјалитети, со кои многу често го изненадува и своето момче Ештон Качер. Рекла дека најдобро подготвува специјалитети од Русија и Украина, каде е родена. Тоа го научила од нејзината мајка додека не се преселиле во Лос Анџелес кога имала седум години.


Мила Кунис многу сакала да ги посетува големите пазари со органска храна кои се отворени речиси до полноќ, бидејќи тогаш ја имала неопходната приватност, а потоа следниот ден го минувала готвејќи за себе и за Ештон.