На популарниот блог “moviephone.com” Мила Кунис била прогласена за најсекси жена на годината. Според гласовите на посетителите, таа убедливо зад себе ја оставила Оливија Вајлд, од која имала дури 10 проценти повеќе гласови.
Мила била првопласирана, зад неа била Оливија Вајлд, а потоа следат убавиците Ен Хетавеј, Ема Стоун и Ана Фарис. Мила во анкетата која траела седум дена победила убедливо. Сеуште не се огласила по повод оваа ласкава титула, но секако дека ќе и биде многу драго поради тоа.