Во својата традиционална годишна анкета машкото списание „Ескваер“ ја избрало холивудската актерка со украински корени Мила Кунис за најсексипилна жена на планетата. Мила оваа титула ја презела од минатогодишната победничка, ѕвездата од Барбадос Ријана, но како што признала во интервјуто за истото списание, ниту малку не е импресионирана со титулата најсексипилна жена на светот.

Мила со родителите емигрирала од Украина во САД кога имала осум години, но ретко зборува за периодот кој го минала во татковината, бидејќи како што тврди на ништо и не се сеќавала. Со години била во врска со Меколи Калкин, ѕвездата на филмовите „Сам Дома“, и не се наоѓала на мета на таблоидите, се додека не се прочуло дека започнала романса со Ештон Качер, со кој неколку години соработувала во серијата „Весели седумдесетти“.