Мила Кунис конечно потврди дека таа е Ештон Качер се во брак, со што стави крај на повеќемесечните шпекулации. Во ‘Late Late Show’, и тоа во самото деби на водителот Џејмс Корден, актерката на прашањето дали таа и Ештон се во брак тврдоглаво повторувала „можеби“. Упорниот водител и рекол „или сте или не сте венчани“, и ја замолил да го покаже прстот, на кој бил видлив златен венчален прстен.

 

Потоа Корден извикал „Венчани се, гледајте!“, и емоциите ги поделил со публиката. Парот пред шест месеци ја доби ќерката Вајат Изабел, а гласините за бракот ги поттикнале самите со честитка за Нова година на Инстаграм, кога се потпишале како „Качерови“. Кунис во шоуто признала и дека веќе размислуваат за второ дете и дека просто ужива во улогата на мајка. Додала и дека Ештон е прекрасен татко, а за тоа зборувала и додека гостувала во шоуто на Елен Деџенерис.