Мила Кунис, која го очекува своето прво дете со вереникот Ештон Качер, доколку може да им се верува на холивудските медиуми, размислува да се породи дома. Младата актерка смета дека породувањето за неа, но и за бебето, ќе биде посигурно и дека подобро ќе се чувствуваат доколку не одат во болница. Најверојатно ќе се породи по природен пат, бидејќи за своето дете го сака само најдоброто.
Извор близок до парот вели дека Мила сака што помалку медицински итервенции. Иако актерката не го открила терминот за породувањето, ниту полот на детето, истиот извор тврди дека таа и Ештон Качер ќе добијат ќерка.