Згодната и многу успешна актерка Мила Кунис неодамна признала дека многу патела кога со семејството се преселила од Украина во САД. Рекла дека плачела секој ден и дека се чувствувала ужасно кога се обидувала да зборува англиски. Сите ја гледале чудно и знаеле дека не припаѓа таму. Мила многу тешко ја прифатила преселбата, а САД ниту малку не ги сакала како држава.

Нејзиното семејство поради немирите и судирите кои се почесто избивале во Украина, посебно поради своето еврејско потекло, било принудено да се повлече. Затоа родителите одлучиле дека за Мила и нејзиниот брат Михаел, најдобро е да побегнат во САД и да започнат нов живот. Меѓутоа, според зборовите на Мила, тогаш било изразито тешко да се биде странско дете на англиско говорно подрачје. Таа објаснила дека брзо пронашла начин да ја надмине јазичната бариера. Запишала часови по глума како би комуницирала со други луѓе, што и помогнало многу брзо да го совлада нејзиниот англиски. Тој потег многу добро и се исплатил, бидејќи нејзиниот талент бил брзо забележан и сега е една од најбараните актерки.